Четири години и шест месеци затвор за командир на полициска станица поради трговија со наркотици

Основниот суд во Скопје му изрече затворска казна во траење од 4 години и 6 месеци на К.С. – командир на ПС, обвинет за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Aкцијата беше реализирана во месец април минатата година во соработка со Американската агенција за борба против наркотоци – ДЕА, по што надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица осомничени дека сториле кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Во текот на истражната постапка петмина обвинети склучија спогодба со јавниот обвинител и притоа правосилно се осудени на ефективни казни затвор во траење од по 5 години за Д.Ј. и А.У. и од по 3 години и 6 месеци за М.З., М.С и Г.К.