Четири месеци, комисите за нега на трето лице не функционираат
Четири месеци, комисите за нега на трето лице не функционираат
Четири месеци, жителите на Охрид, Струга, Ресен, Дебар,па и на други градови неможат да го остварат правото на туѓа нега. Комисиите кои одлучуваат за ова прашање, со месеци не функционираат. Граѓаните поради индолентниот однос на надлежните, кои со месеци не го решаваат овој проблем, остануваат без минималните 5400 денари.
„Потребни ни се приходи за да може татко ми да си зема лекови. Татко ми скоро 9 години е болен, шест месеци како е направен операција. Имаше тумор на главата. Потребно е некој да има дома.Неподвижен е, ногата и раката му е фатени“, рече Марија Андреа-ќерка на болно лице..
За револтот на граѓаните, сведочат и докторитте.
„Од август, а можеби и пред август е проблемот, а од почетокот на август навака воопшто нема никаков термин за нега. Каде е проблемот ние неможеме да го детектираме. Сме се јавиле во институциите за оваа работа, но одговор нема. Пациентите се жалат, се бунат, а како да им објасниш дека не е до нас, дека е до системот„, рече Хаџер Алиед-матична лекарка од Струга.
Од Министерството за здравство велат дека министерот донел одлука за проширување на мрежата на јавни здравствени установи во кои ќе се формираат комисии за туѓа нега и помош.
„Во овие установи, како што се Гостивар, Кичево, Кавадарци, Охрид и други, ќе бидат воспоставени нови комисии. Понатаму, врз основа на Законот, директорите на јавните здравствени установи ќе предложат членови за комисиите до Министерството за здравство. Потоа, Министерството за здравство донесува решение за формирање на комисијата за туѓа нега и помош во соодветната јавна здравствена установа“, велат од Министерство за здравство.
Од Министерството за труд пак велат дека била формирана стручна лекарска комисија за издавање на наод во Општата болница Охрид и таа наскоро ќе почне со работа. Но конретен рок кога ќе се случи тоа нема. помош и нега од друго лице од посочените градови во најкус можен рок ќе можат да го остварат своето право, но конретен рок нема./Алсат.мк
Мики Трајковски