Како да се врати интересот за пинг-понгот во земјава
Како да се врати интересот за пинг-понгот во земјава
Пинг понг-от е исклучително популарен спорт на меѓународно ниво, но последниве години го губи својот сјај кај помладите генерации кај нас. Повозрасните ги паметиме по индивидуални и клупски успеси. Таков е случајот со Агон Саити, кој го држи рекордот со 13 индивидуални титули во сениорската категорија во Македонија, додека има многу трофеи во младински категории. Сега како универзитетски професор се труди своето знаење да им го пренесе на новите генерации кои недостигаат.
„Штета што според мене и познавачите и добрите познавачи на спортот, пинг понгот спаѓа на ниво на комплициран, дури и атрактивен спорт и е интересен за новите генерации, но и за оние кои се постари. Пинг понгот, како и другите мали спортови, ако нема поддршка од државата, со парите што можат да обезбедат непречено одвивање на тренинзи, невозможно е да постои“, рече Агон Саити, тренер во пингпонгарскиот клуб „Рисови“.
Тешките услови и немањето специјализирана сала се еден од главните проблеми кои го мачат овој спорт во последните години.
„Во нашиот случај, македонските играчи во последните години не можат достоинствено да се претстават, а камоли за некакви титули или резултати. Да бев дел од Федерацијата, ќe се организиравме на инфраструктурно ниво, ќе инвестиравме во сала, особено што на Скопје му недостига професионална сала за пинг-понг“, додаде Агон Саити, тренер во пингпонгарскиот клуб „Рисови“.
Саити ја обвинува и Пинг-понг федерацијата на Македонија која има голем буџет, но вели дека парите се фрлаат залудно.
„Во моментов Федерацијата има повеќе пари од кога и да е во својата историја, особено овие последниве 3-4 години, имам слушнато дека бројките достигнуваат и до 120-130 илјади евра, кои беа незамисливи во времето кога јас играв. Не знам како се менаџираат, но најчесто се про- форма. Организираат активности само за да се сликаат и да ги оправдаат средствата што ги добиле од Агенцијата, но не одат таму каде што треба“, изјави Агон Саити, тренер во пингпонгарскиот клуб „Рисови“.
Саити планира да го промени името на клубот со меѓународно име, со што ќе поттикне различни спонзори да ги поддржат децата да се занимаваат со овој спорт, додека во новиот клуб децата би биле придружувани во други дополнителни активности.
„Спортот значи и образование, соодветен развој. Создаваме и позитивни навики во клубот. Како клуб, покрај пинг-понг, ќе организираме и скијање или планинарење, така што тоа не е само резултат, туку е многу повеќе од она што може да го замисли еден родител“, додаде Агон Саити, тренер во пингпонгарскиот клуб „Рисови“./Алсат.мк
Махир Тачи