Изложба на Олдтајмери во Тетово-најстариот автомобил со 92 години
Изложба на Олдтајмери во Тетово-најстариот автомобил со 92 години
Од рано утрото плоштадот „Илирија“ во Тетово беше исполнет со стари автомобили. Освен од земјава, со своите стари автомобили или познати како „Олд Тајмер“,се преставија и посетители од Косово.
„Идејата за денешната манифестација во Тетово е поврзана со тоа што поседуваме стари ретро автомобили наследени од нашите родители и сме учествувале на многу места. Оттука дојде идејата како Тетовци да имаме свој клуб“, рече Исмаил Зејнели, организатор.
Најстариот автомобил што денеска за прв пат беше изложен во Македонија беше Фијат Балила, кој беше од 1932 година, и во добра состојба.
Во тетовското село Синичане има многу колекционери на стари автомобили. Назми и Насер се двајца од многуте млади колекционери на стари автомобили, кои ја изложија руската Лада, но и познатата германска Буба.
„Тоа е руска лада од 1979 година, ја купив пред два месеци. Се што ви треба е волја да ги сакате старите автомобили и ќе успеете. Ова повеќе ме привлече и повеќе ми се допадна“, нагласи Насер Исмаили, сопственик на автомобил.
„Тоа е Volkswagen BUBA, 1972 година, стар 52 години, 2000 кубици, германско производство. Комплет е со свои делови, само моторот е поправен, другите работи се во ред. Го имам овој автомобил веќе три години и верувам дека ќе го задржам“, додаде Назми Ибиши, сопственик на автомобил.
Оваа изложба, која се очекува да стане традиционална, заврши со голем број посетители, но и клубови од земјава и регионот, кои ги изложија своите автомобили./Алсат.мк
Башким Сулејмани