СПОРТ

Четирите воведни меча во Лејвер Купот за Тимот на светот

Тенисерите кои се дел од Тимот на светот славеа на четирите воведни меча во Лејвер Купот кој оваа сезона се игра во Ванкувер, Канада.

Тимот Европа за првпат настапи без првиот или вториот светски играч на АТП-листата, откако Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ги откажаа настапите. Во ланското издание победи Тимот на светот, на турнирот кој беше во знакот на пензијата на Роџер Федерер.

Серијата на победи ја отвори Бен Шелтон кој го победи Артус Филс, кој влезе како замена за Циципас, со 7-6, 6-1. Вториот триумф го извојува Франциско Серундоло, кој беше подобар од Алехандро Давидович Фокина со 6-3, 7-5 и така стана првиот Јужноамериканец со победа на Лејвер Купот.

Третиот триумф беше дело на Феликс Оже-Алијасим против Гаел Монфис (6-4, 6-4), а перфектниот ден за Тимот на светот го комплетира двојката Тиафо и Пол, кои беа подобри од апрот Филс/Рубљов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button