МАКЕДОНИЈА

Четворица на токсикологија поради пожар во затворот „Идризово“

Четворица вработени во затворот Идризово се пренесени на Универзитетската клиника за Токсикологија како последица од пожарот кој избувнал вчера во женското одделение од затворот, пишува Слободен печат. Според извори на порталот, состојбата на пациентите е стабилна.

Пожарот го потврди и МВР.

„Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button