ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Добрососедските односи се двонасочна улица, ќе водиме принципиелна политика со аргументи и факти

Ќе водиме принципиелна политика кон соседите, која ќе се темели на аргументи и на факти. Подготвени сме да работиме заедно со нашите соседи. Очекуваме од нив да го почитуваат и нашиот став, бидејќи добрососедските односи се двонасочна улица, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Ора 24“, потенцирајќи дека новата власт нема да води политики на себе омаловажувања, ниту пак беспотребно ќе иритира.

– Што се однесува до соседите ќе водиме една принципиелна политика, којашто ќе се темели на аргументи, на факти. Подготвени сме да аргументираме наши позиции. Подготвени сме да работиме заедно со нашите соседи, да градиме мостови. Ги повикувам нашите соседи на една заедничка работа, на една братска работа затоа што соседот е тој којшто е од Бога даден и ние мора да работиме заедно, не смееме да ги рушиме мостовите. Очекуваме од нашите соседи да го почитуваат и нашиот став бидејќи добрососедските односи се двонасочна улица, истакна Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button