РЕГИОН

Четворица приведени за напад на службено лице во Северна Митровица

На четворица млади момчиња кои на 10 септември беа приведени во Северна Митровица поради „напад на службено лице“ им е одредена мерка притвор, потврдија за Радио Слободна Европа од косовската полиција.

Advertisements

Се додава дека младите полнолетни момчиња биле приведени откако навредувале и нападнале двајца полицајци, од кои едниот бил повреден, а потоа се оддалечиле од местото на настанот.

„Полициските единици успеале да ги уапсат осомничените во улицата „Кнез Милош“. Осомничените се приведени во полициска станица, а потоа и на лекарски преглед. Тие биле под дејство на алкохол, што било потврдено со мерењето, при што било покажано дека три од нив биле под дејство на алкохол“, велат од полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button