ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четврти ден ниту трага ниту глас за Вања Ѓорчевска

Четврти ден продолжува потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која во понеделникот наутро заминала на училиште, но откако излегла од домот и се губи секаква трага. Алсат ја контактираше мајката на 14-годишното девоче, која рече дека полициските органи интензивно го истражуваат случајот. 14-годишната Вања Ѓорчевска пред неколку дена беше додадена на списокот на исчезнати лица од страна на Министерството за внатрешни работи. Во меѓувреме, од вчера по 14-годишната трага и Интерпол.

Advertisements

„За расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето преземени се дејствија веднаш по приемот на пријавата, вклучени се сите капацитети на СВР-Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски до малолетничката, камерите беа проверени. Податоците за исчезнатото лице се поставени на граничните премини и по барање на МВР вклучен е и Интерпол“, рекоа од МВР.

Од МВР велат дека истрагите продолжуваат интензивно и се преземаат сите мерки за пронаоѓање на 14-годишната. Надлежните апелираат да не се шират дезинформации за случајот. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се споделува фотографијата од исчезнатото 14-годишно девојче, а се апелира за каква било информација да се обратат на 192.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button