ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемeни безбедносни мерки за време на советот на министри на ОБСЕ

Додека во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се собраа бројни делегации на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ, улиците на главниот град беа речиси целосно празни.

Бројот на граѓани кои денеска се на скопските улици е многу мал, дел од граѓаните го користат слободниот ден, а други одлучија да не излегуваат од дома.

Патиштата не се целосно затворени, затворени се по потреба, заради слободно движење на странските делегации. Градските автобуси се намалени и се сменети сообраќајните правци. Студентите, наставниците и административните работници во Скопје денеска имаат слободен ден. Додека оваа одлука не се однесува на здравствените установи.

Ограниченото движење на граѓаните и специјалниот режим по улиците на Скопје предизвикаа дури и сопствениците на многу мали бизниси во главниот град да не работат. Оние кои одлучија да работат велат дека денес е полошо од недела.

Владата им препорача на сопствениците на приватни бизниси во Скопје сами да одлучат дали ќе работат или не, особено во општина Карпош и регионите кои се блиску до спортскиот центар „Борис Трајковски“. За состанокот на ОБСЕ безбедносните мерки се на највисоко можно ниво.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button