РЕГИОН

Бугарија се предомисли и не дозволи прелет на авионот на Лавров

Бугарија не дозволи авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да прелета над нивна територија. Тоа не е поради Лавров, туку поради портпаролката на руската дипломатија Марија Захариева, која е на листата на санкции на ЕУ и САД, а го придружувала Лавров во авионото. Поради оваа причина, авионот на Лавров беше принуден да прелета над Грузија, Црното Море, Турција, и преку Грција да слета неколку часа подоцна од очекуваното на скопскиот аеродром. Бугарските власти соопштија дека немало забрана за шефот на руската дипломатија, туку само за Захариева, која исто така е на списокот на санкции. Захароиева оваа постапка на Бугарија ја опиша како „опасно лудило“, изјавувајќи дека за прв пат во историјата на човештвото државните власти не забрануваат лет на авион, туку на едно лице во него.

„Злонамерното русофобиско лудило достигна до тој степен што за прв пат во нашата историја властите не запреа авион, туку човек кој се наоѓаше во авионот. Вака се вели во белешката на бугарското МНР: „Авионот може да лета над Бугарија, но Марија Захариева не може да лета со овој авион“, рече Захарова.

Лавров по пристигнувањето на самитот не сакаше да зборува за променетата рута на летот.

На одлуката на Бугарија реагираше и портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин. Според Димитриј Песков, „одлуките на Бугарија тешко можат да се објаснат, тие не се засновани на никаква рамка и се апсурдни, да не велиме луди“. Во одлуката на бугарските власти за барањето на Лавров да прелета на бугарското небо, беше прецизирано и времето, односно 3 часа пред самитот и 72 часа по самитот. .

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button