Четврти ден по ред, жителите на Визбегово протестираа два часа блокирајќи неколку улици

Четврти ден по ред, жителите на Визбегово протестираа два часа блокирајќи неколку улици. Тие бараат организиран превоз за учениците од оваа населба. Децата во отсуство на основно училиште во Визбегово, принудени се да патуваат пет километри за настава во училиштата во три различни општини и тоа Бутел, Чаир и Шуто Оризари.
„Даноци плаќа целото население, а за тоа дали некој се интересира за албанското население во Визбегово, заборавени сме.“
„Жал ми е што го кажувам тоа, но пратениците Албанци треба да ни се придружат бидејќи некои од нив се од населбата Визбегово, Албанци се со еден збор. Барем да ни кажат, стоиме позади вас или ќе ве следиме“.
„Никој овде нема партиска определба, сите ние сме со иста цел, Визбегово има 1.400 деца, учат во три општини и никој не се интересира за тие деца, ни училиште, ни транспорт.
„1.400 ученици од Визбегово патуваат три километри до училиштето во Шутка. И во училиштето во Шутка не се снаоѓаат како ученици бидејќи 40 ученици има една училница“.
На денешниот протест присуствуваа и учениците од оваа населба кои ги кажаа секојдневните тешкотии додека доаѓаат и одат на училиште.
„Учам во училиштето „Адем Јашари“, седмо одделение. Како одиш секој ден на училиште? Некогаш пеш, некогаш со автобус, но кога нема место во автобус морам да пешачам оттука. Возачот не не зема некогаш“.
„Повеќе проблеми имаме во зима бидејќи е студено. Се плашиме од кучиња, бидејќи има многу на улица“.
Од крстосницата на булевар „Словенија“ и „Босна и Херцеговина“, демонстрантите се упатија кон општина Бутел за да се сретнат со властите на оваа општина. Меѓутоа, општината не прифати состанок со образложение дека лицата што ќе бидат дел од разговорите треба да бидат определени однапред.
Melihate Rustemi