ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Човечка грешка е главниот сомнеж за кој се верува дека ја предизвикала несреќата на автобусот од Македонија во Бугарија

Adnan Qaili

Обвинителството денеска расветли многу детали околу направената експертиза. Првин има сомнеж за човечки фактор кој изгубил контрола врз автобусот и удрил во десната ограда, обидувајќи се да влезе во одморалиште на автопат. Таму изгубил контрола и траекторијата на автобусот од над 100 метри успеал да ја скине средната ограда на автопатот, влегувајќи меѓу две од нив и поради тоа не можеле да се отворат вратите од автобусот и да се спасат веќе починатите. Според обвинителството, пронајдени биле 44 изгорени тела, повеќето помеѓу средните врати од автобусот во обид да излезат бидејќи пламенот избувнал во десниот агол на автобусот каде биле првите искри и имало резервоар со нафта за греење на автобусот. Но, тие негираат дека имало пиротехника или голем резервоар на нафта како што се претпоставуваше до сега. Да ја слушнеме изјавата на бугарското обвинителство.

„Во моментов најсигурната трага е онаа дека се работи за човечки фактор, за која се испитуваат условите на делницата каде што се случи несреќата, сигнализацијата и уличното осветлување. Тротоарот на кој удрил возачот на автобусот не само што е непотребен, туку е и опасен. На местото на настанот немаше експлозија, но силната бучава што се слушнала била на автобусот кој удрил во тротоарот, можеби затоа автобусот се запалил.“

„Верзијата за евентуален терористички акт е соодветно истражена од наша страна. Категорично го отфрламе тоа. Аутопсиите покажуваат дека сите патници починале од задушување од чадот, а не од удар. Тоа значи дека тие биле живи во моментот на пожарот.“

Последната проценка за причините за несреќата ќе треба да ја даде конечната анализа, но главната верзија во моментов е човечка грешка како причина за несреќата. Имаше информации дека во автобусот се превезувало гориво, бензин и дизел и дека можеби тие биле причина за пожарот. Оваа трага е истражена, но категорично ја отфрлија како неоснована. На местото биле пронајдени три канти во кои имало само остатоци од масло, па не биле ниту наполнети ниту изгорени. Тоа значи дека пожарот не бил предизвикан од гориво“.

„За време на сослушувањето, еден од преживеаните рече дека се спасени осум лица, а не седум. Во исто време, на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Инспекторите ја проверуваат верзијата за да видат дали има уште еден преживеан и каде е тој. Можеби ја напуштил границата со друго возило, друг автобус, што треба да се провери“.

Ако на граничниот премин Андреево влегле 52 патници и има потврда за 44 починати, останува сомнежот за осмиот патник кој се спасил од несреќата. Се контролираат снимките за да се види дали при паузите се качил во друг автобус на туристичката агенција. Обвинителството повикало на информативен разговор двајца од патниците кои не спиеле во моментот на несреќата и дале многу точна и објективна информација за настанот. Во информативен разговор тие биле разделени и нивните изјави се идентични, со што тие се апсолутно доверливи како сведоци. Ќе повикаат на информативен разговор двајца други, кои се згрижуваат во болницата Пирогов. Се контролираат листите со патници дали некој кој бил во овој автобус на Андреево излегол на границата и се префрлил во друг автобус. Не знаеме дали го сменил автобусот бидејќи се спасил како што уште не знаеме дали преминал во друг автобус, на еден од точките каде застанале автобусите за пауза. Сите можности се истражуваат.

Бидејќи останува енигмата за осмото лице оти само седум се хоспитализирани, според јавното обвинителство во Бугарија, последните информации се дека едно лице се смета за исчезнато бидејќи немаат информација каде се наоѓа и дека заминал од местото на настанот. Нашите информации велат дека тој се вика Шади Науф ал Салех, 36 годишен, кој се претпоставува дека е арапски државјанин и со автостоп се качил во автобус на територијата на Бугарија и затоа и не е регистриран на списокот на патници. На автопатот на смртта Струма, токму на локација Боснег на местото на настанот, се уште се трагите од изгорениот автобус и од патниците кои го загубија трагично животот.

Кога сме кај лицата кои веќе се вон животна опасност и се лекуваат во софиската болница, најновата вест е дека е направен хируршки зафат врз еден од пациентите, но се уште не се знае кога ќе се изврши нивното пренесување. Најверојатно од понеделник па натаму бидејќи според бугарските лекари лекувањето трае. Да ја слушнеме нивната изјава.

„Пациентите кои се хоспитализирани кај нас се во стабилна состојба, двајцата пациенти кои беа на интензивна нега се префрлени во другиот дел од болницата и продолжуваат со потребниот лекарски третман. Еден пациент треба да направи уште една операција во текот на денешниот ден. Тие се добро, стабилни и мирни. Се уште е рано да се мисли кога ќе се пуштат од болница, индивидуално ќе се пуштат сите пациенти кон Скопје, зависно од нивната здравствена состојба.“

Значи, бугарското обвинителство бара официјално да се вклучи јавното обвинителство во Скопје каде утре ќе имаат средба, ќе дојдат за да ги земат последните досиеја од туристичката агенција како и примероците на блиските за да се направи споредбена анализа на ДНК, со цел да се идентификуваат веќе телата на жртвите кои се во Институтот на судска медицина во Софија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button