ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меѓу жртвите во трагичната несреќа има и двајца полицајци

Adrian Kerimi

Меѓу 44 – те жртви во несреќата на 23 ноември во Бугарија има и двајца полицајци. Извори од МВР потврдуваат дека во автобуската несреќа се наоѓале и Енис Рамановски (41 година), заменик полициски командир во Дебар и Саде Мустафовски (50 години), полицаец на граничниот премин „Блато“ со Република Албанија.

Покрај МВР, информацијата ја потврдија и членови на семејството, кои велат дека Раманоски и Мустафоски минатиот викенд биле со сопругите во Истанбул, кои исто така се меѓу жртвите во трагичната несреќа. Тоа се Зилија Мустафовска (48) и Алмира Рамановска 37 години. Семејството на социјалните мрежи ја споделија и последната фотографија од четирите жртви за време на нивниот престој во Истанбул.

 

Енис Рамановски1980
Алмира Рамановска1984
Саде Мустафовски1971
Зилија Мустафовска1973

Од МВР најавуваат дека ќе се чекаат резултатите од ДНК анализата и вештачењето за официјална потврда на идентитетот. Од МВР засега официјално не ја потврдуваат смртта на нивните вработени во несреќата во Бугарија на 23 ноември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button