ВЕСТИСВЕТ

„Чудовиште“ од вселената се приближува кон Сонцето – „Хабл“ ја сними најголемата комета досега

Небесно тело, со пречник од 130 километри, кое се приближува кон нашето Сонце, е „чудовиште“ меѓу кометите и е 50 пати поголемо од јадрото на повеќето познати комети, наведува НАСА, повикувајќи се на снимките на телескопот „Хабл“.

Оваа огромна комета, која беше откриена во 2010 година и именувана како „C / 2014 UN271 (Bernardineli-Bernstein)“, всушност е огромно тело со маса од 500 трилиони тони, пренесува „Дејли мејл“.

Иако е откриен пред 12 години, неговата големина дури сега е потврдена од телескопот на НАСА.

Иако кометата моментално е оддалечена помалку од 3,2 милијарди километри од Сонцето и се движи кон Земјата, НАСА уверува дека оваа огромна вселенска карпа за среќа не е закана за нас.

Никогаш нема да се приближи на помалку од 1,6 милијарди километри од Сонцето, што е малку подалеку од оддалеченоста на планетата Сатурн од нашата ѕвезда.

За да ја тестираат нејзината големина, на 8 јануари 2022 година, научниците го искористија вселенскиот телескоп и направија пет фотографии.

Кометата е поцрна од јаглен, пренесува „Дејли мејл“.

Научниците веруваат дека оваа огромна комета веројатно се формирала во облакот Орт, најоддалечената област на нашиот Сончев систем, каде што се наоѓаат милијарди други комети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button