МАКЕДОНИЈА

Чупи: Влеговме во Владата со конкретна и добро прецизирана програма

Претставникот на партијата Алтернатива, Џемаил Чупи, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон …“ на Алсат изјави дека оваа партија одлучила да биде дел од Владата со конкретна програма која пред сѐ ќе биде во интерес на сите граѓани. Чупи додаде дека министрите кои доаѓаат од редовите на Алтернатива ќе вложат максимални напори да дадат свој придонес не само во ресорите со кои раководат, туку и во процесот на одлучување.

„За делот од сработеното во минатото не можам да одговорам, но во однос на легитимноста можам да кажам дека легитимитетот може да се подели на четири области, првата област на легитимитет е формирањето влада, дали е легитимна. Во овој дел има дискусии, сите мислења се добредојдени. Вториот дел од легитимитетот се заснова на компромис и врз основа на овој компромис кој се однесува на иднината и на државата и на кризниот менаџмент. Ние како политички субјект „Алтернатива решивме“ да влеземе во новата влада со нов преговарачки модел, со конкретна и многу прецизна програма, со 9 програмски точки. Ќе се обидеме максимално да придонесеме не само во секторите со кои раководиме, туку и во процесот на одлучување“, изјави Џемаил Чупи, Алтернатива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button