Д-р Цана: Ефектите од новите мерки ќе се видат по еден месец

Владините мерки кои се преземаат последниве денови од страна на здравствените власти требало да се преземат и спроведат многу порано, оценува во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, д-р Фадил Цана од инфективната клиника.
„Овие мерки кои се преземаат овие денови и кои ќе треба да се спроведат, можеби ќе треба да придонесат донекаде, но не би рекол дека само овие мерки се оружјето со кое ќе може да се надмине оваа состојба. Јас мислам дека концентрацијата на здравствените власти, на тие што ги прават сите овие здравствени политики треба да биде во насока на тоа, случаите сега од ден на ден, овие мерки, ефектот од овие мерки кои се спроведуваат деновиве, ќе треба да се види некаде, да не речам, после еден месец“, вели Цана.