ПОСЛЕДНИРЕГИОН

Хрватска ги мобилизира пензионираните лекари

Хрватската лекарска комора денеска издаде покана до пензионираните лекари да му се приклучат на здравствениот систем доколку се подготвени да го стават на располагање своето знаење и експертиза, пренесуваат хрватските медиуми.

„Поради значителното влошување на епидемиолошката состојба поврзана со КОВИД-19, министерот за здравство Вили Берош побара од хрватската лекарска комора да му достави на Министерството за здравство податоци за пензионирани лекари кои се подготвени повторно да се занимаваат со здравствена заштита за време на епидемијата, според нивните специјализации“, се наведува во повикот.

Се истакнува дека бројот на хоспитализирани пациенти рапидно расте, како и бројот на здравствени работници кои се позитивни на ковид-19 и во самоизолација, поради што не можат да учествуваат во третманот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button