РЕГИОН

Грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори

„Претседателски избори во Северна Македонија“; „Северна Македонија: Клучни избори за претседател на земјата“; „Во тек се претседателски избори во Северна Македонија: седум партии, двајца фаворити“; „Избори во Северна Македонија: седумтемина кандидати, аутсајдерите и вториот круг“ „Денеска прв круг од претседателските избори во Северна Македонија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори, јави дописничката на МИА од Атина.

Поголемиот дел од медиумите во Грција го пренесуваат текстот од државната агенција АНА-МПА под наслов „Во тек се претседателските избори во Северна Македонија, кои ќе се одразат на парламентарните избори за две седмици“, во кој детално се анализираат изборниот процес, кандидатите, но и прогнозите.

АНА-МПА објавува дека речиси за сигурно се смета оти во денешниот прв круг кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска ќе биде прва, а втор ќе биде кандидатот на СДСМ Пендаровски.

-Двајцата, според процените, ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори, при што најголеми шанси да победи и да стане нов претседател на Северна Македонија има 70-годишната Гордана Силјановска. Сепак, во вториот круг од претседателските избори важна улога ќе има ставот на албанските гласачи, кои претставуваат 25 отсто од гласачкото тело во Северна Македонија. Шеесет годишниот Стево Пендаровски има влијание кај албанските гласачи и може да се надева на негов реизбор доколку масовно гласаат за него во вториот круг, пишува АНА-МПА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button