ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бајрами: Изборниот ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности

Денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето.

Како што информира Бајрами, денеска во ОЈО Радовиш е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите на една политичка партија, а вчера во ОЈО Делчево е заведен предмет по барање на МВР за вршење увид во службената документација на ЈП „Комуналец“ за да се проверат наводи за евентуално сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“.

Во двата случаја, напомена обвинителот, ќе се постапува соодветно доколку се утврди дека има елементи за сторени кривични дела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button