ВЕСТИ

Блажи: Онлајн наставата нужно зло

Иако дел од учениците и родителите реагираат за воведувањето на настава преку интернет, реалната состојба наметнува тоа да биде неопходно зло, вели во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, психологот Сафет Блажи.

Како што вели тој, состојбата е деликатна не само за учениците, туку и за возрасните и оти периодот на враќање во нормала ќе биде предизвик за сите.

„Нема да биде лесно, но, на некаков начин сите сме во овој филм, условно кажано, така што не е само една категорија на луѓе, ексклузивно само за нив да е типична целата оваа состојба. Така што и кога имаме работа со една ситуација која трае подолго на некаков начин, сакал-нејќел нашиот психички систем, полека се опоравува и знае да создаде механизми за тоа како да ја прифати таа реалност и на некаков начин да знае што да очекува и да биде полесно самото соочување со целата ситуација“, вели Блажи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button