РЕГИОН
Дачиќ: Визната либерализација за Косово е лоша порака за Белград

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, денеска изјави дека визната либерализација за Косово е лоша порака за Белград и оцени дека „Приштина постојано се наградува за нејзините неконструктивни и еднострани потези, додека им се заканува на оние кои се коректни како Србија“. „За нас тоа е многу лоша порака бидејќи покажува дека двојните стандарди се многу присутни“, изјави Дачиќ во Лоѓ, Полска, каде што учествува на министерскиот состанок на ОБСЕ.
За изјавата на косовскиот премиер Аљбин Курти дека дијалогот со Белград не му е приоритет, дека Косово никогаш нема да формира Заедница на српски општини и дека тоа не го интересира, Дачиќ рече дека тоа треба многу повеќе да ја загрижува меѓународната заедница отколку Белград.