КОШАРКАСПОРТ

Далас добива уште една мега-ѕвезда во тимот?

Американските медиуми објавија сензационална вест дека ѕвездата на Мајами Хит, Џими Батлер, наскоро ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Далас Маверикс, каде би бил огромно засилување за тимот на Лука Дончиќ!

Батлер сезонава има проблеми со повредите и одигра само 17 натпревари, но забележа солиден просек од 19,3 поени, 5,8 скока и 4,9 асистенции. Доколку се реши на премин во Далас, тоа би бил полн погодок за екипата која има високи амбиции и сака да стигне што подалеку во плеј-офот.

35-годишниот Батлер има заработувачка од 48,8 милиони долари, но Мајами е подготвен на „трејд“ кој би требало да се официјализира до крајот на овој месец. Со Џими Батлер во тимот, Далас сигурно ќе биде многу посилен и ќе има поголема ротација во однос на двете најголеми ѕвезди, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button