МАКЕДОНИЈА

Дали автобусот што изгоре во Бугарија првично бил наменет за превоз на 49 патници, прашува ВМРО-ДПМНЕ

За автобуската несреќа во која загинаа 45 граѓани на Македонија, власта нема одговори, а секојдневно се појавуваат нови дилеми. Јавноста сѐ уште нема добиено одговори на прашањата кои се од јавен интерес,  а обврска на власта е да даде одговори, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Како што наведува меѓудругото партискиот портпарол, Марија Митева:

Конкретниот автобус 135 пати ја поминал границата без лиценца за меѓународен транспорт. Дали е вистина дека автобусот фабрички е наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблици, за по неколку дена автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали само после неколку месеци во сообраќајната дозвола намената односно носивоста му пораснала на 54 патници односно за повеќе од 10% над фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација – атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт?“, вели Митева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button