ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали ДУИ ќе има и претседател и премиер на државата? – Ковачевски одговори

Изборите ќе се одржат во редовниот термин – ова го повтори премиерот Димитар Ковачевски по најновите повици од опозицијата што поскоро да се организираат предвремени парламентарни избори. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски дури побара и лидерска средба за одредување на датумот за избори, но власта ваквата идеја ја отфрли. Според Ковачевски, за тоа во кој месец ќе бидат распишани изборите зависи од роковите што ќе се одредат од страна на Собранието. Тој повика претставници на политичките партии да седнат и да разговараат за деталите за датумот, бидејќи тој ќе зависи и од евентуалното усвојување на измените на Изборниот законик. Наскоро измените се очекува да влезат во собраниска процедура, а ОБСЕ и ЕУ не препорачуваат промена на изборни правила шест месеци пред избори.

Advertisements

Останува да виси и прашањето дали изборите ќе бидат двојни. Како што претходно кажа спикерот Талат Џафери, единствениот датум во кој би можеле да се поклопат редовни парламентарни и редовни претседателски избори, би бил 5 мај, односно неделата кога следнава година се паѓа Велигден.

Во меѓувреме, медиуми денеска шпекулираа дека кај дел од политичките партии во игра е и опцијата за бојкот на вториот круг од претседателските избори ако парламентарните не се одржат во ист ден. Доколку изборите за претседател пропаднат, односно не излезат повеќе од 40% од запишаните гласачи, тогаш автоматски шеф на државата би бил спикерот Талат Џафери. Прашани за ваквото сценарио, следуваше невообичаен одговор од претставниците на власта.

Новинар: Поради високиот цензус во вториот круг, има опасност да не успеат претседателските избори, а имате договор со ДУИ последните 100 дена ДУИ да предложи премиер. Дали сте спремни, ако не успеат изборите, Талат Џафери да биде претседател, ДУИ да има премиер, па така цела држава да биде во рацете на ДУИ?

Битиќи: Јас мислам дека не треба да стојам на вакви прашања.

Ковачевски: Прашањето ваше беше апсолутно некоректно.

Претходно во текот на денот Мицкоски во интервју нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори зашто нивниот кандидат би бил фаворит.

 

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button