ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали охридскиот регион ќе се најде на листа на загрозени подрачја?

Од деветнаесет препораки кои УНЕСКО им ги даде на македонските власти за регионот да не се најде на листата на загрозени подрачја под заштита, само делумно се исполнети четири, обвинија 17 граѓански организации од регионот на Охрид, Струга и Подградец.

Advertisements

„Неконтролираната урбанизација во овој извештај е спомната со четири реченици, а тоа е многу битен проблем кој се случува во Националниот парк. Редовно се поднесуваат извештаи кои само го затскриваат проблемот и го ставаат ѓубрето под тепих“, Никола Киселинов, туристичка асоцијација на Охрид.

„Ситуацијата е хаотична.Во таа ситуација дури страдаат и хотелиерите и обичните граѓани и еко системот“, рече Ндерим Положани, невладина организација, КАП Струга.

Од граѓанското движење Охрид СОС потсетуваат на препораката за Реактивна Мониторинг Мисија од 2020 година, која беше означена како итна и со која се бараше забрзување на процесот на уривање на дивоградбите во период од три години.

„Нема ажурирана карта со урнати дивоградби, онаму каде пред камери покажаа некаква активност, тие објекти после извесно време се доградени и повторно функционираат. Нема листа на приоритети за уривање и за општините Струга и Дебрца, јавноста не ни знае колку вкупно објекти во тие општини се нелегални градби“, наведуваат од Охрид СОС.

„Се срамам на моменти кога ние доаѓаме во ситуација да треба да чекаме експерти од УНЕСКО да ни кажат што треба да правиме на најстарото езеро во Европа и светот. Зарем толку имаме еден грам капацитет да не можеме ние да го заштитиме езерото“, рече Сашо Кироски-асоцијација за заштита на природно и културно наследство.

„Ние сме тука да кажеме дека ова е некој процес, што вистина гарантира дека можеме да го заштитиме Охридското езеро, под статус на УНЕСКО“, рече Аријан Мероли-граѓански активист од Поградец.

Следниот состанок на УНЕСКО, каде тема ќе биде и статусот на регионот ќе се одржи во Кина.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button