ВЕСТИЗАБАВА

Дали славите роденден на преминот од еден во друг хороскопски знак?

Кога личноста е родена на преминот помеѓу два знака, таа ги поседува карактеристиките и на двата знака и најчесто е поинаква од другите луѓе со кои го дели знакот бидејќи ги има карактеристиките и на двата владетели. Личноста родена на крајот од некој хороскопски знак поседува повеќе карактеристики од следниот знак. Доколку сте родени во период на премин од еден во друг хороскопски знак, сигурно имате уште некоја карактерна особина плус која ве прави посебни.

Па така на пример, луѓето кои се родени во периодот помеѓу овен и бик се многу упорни, шармантни, страсни, интересни, односно ги имаат карактеристиките на оние кои се под влијание на Сонцето, Марс, Плутон и Венера.

Родените на 22 и 23 мај се под влијание на Сонцето, Меркур и Венера, па токму затоа се многу зборливи, духовити, младолики, симпатични и интелигентни.

Оние кои слават роденден на 21 или 22 јуни, на преминот од близнаци во рак се под влијание на Сонцето, Месечината и Меркур, па токму затоа се многу способни за бизнис.

Родени на преминот помеѓу рак и лав се навистина чувствителни, романтични, успешни, благородни и имаат доминантни родители со кои се цврсто поврзани.

Родените на 22 или 23 јули, помеѓу лав и девица имаат остра дарба да забележуваат, способни се за бизнис и за пишување.

Родени на преминот помеѓу девица и вага (од 22 до 24 септември) се шармантни, креативни и талентирани.

Оние кои имаат роденден од 21 до 23 октомври се диктаторски настроени, знаат што сакаат и се одлични пријатели, но опасни како непријатели.

Родените на преминот помеѓу скорпија и стрелец имаат големи апетити и енормни идеи. Тие исто така се и сензуални, но и неверни.

Родените на преминот помеѓу стрелец и јарец се добри организатори, амбициозни, често нереални и воздржани.

Оние кои имаат роденден на 19 или 20 јануари се пријателски настроени, амбициозни, способни, добри организатори и непредвидливи.

Родени на преминот помеѓу водолија и риба, односно родени од 18 до 20 февруари се нереални, неорганизирани, хаотични, креативни и снаодливи.

Родените на преминот помеѓу риба и овен, односно од периодот од 19 до 22 март се под влијание на Јупитер, Нептун и Марс, па токму затоа многу често губат интерес за одредени проекти пред да ги завршат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button