ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Данокот од Бугарија за рускиот гас се очекува да влијае на цените на струјата и топлинската енергија

Од 1 ноември стапи на сила новата такса за рускиот природен гас што ќе транзитира низ Бугарија. Источниот сосед ќе наплаќа плус 10 евра за мегават час гас и за Македонија и за Србија, Унгарија, Австрија и другите земји од ЕУ, кои се снабдуваат преку гасоводот на Бугарија. Овој дополнителен трошок што бугарската влада го воведе како санкција против Русија ќе предизвика ценовни турбуленции кај нас. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека овој данок може да ја поскапи струјата и топлинската енергија за 20%.

Advertisements

Министерот за економија рече дека ова е уцена побара од Европската енергетска заедница да се ослободат количините гас што се нарачани за годинава.

Додека македонските власти бараат решение што ќе прават или каде ќе купуваат природен гас во замена за руски гас, Бугарија веќе доби дозвола од Европската комисија парите од данокот да ги користи за потребите на државата. Сепак, ЕК се уште не одговорила на жалбите на нашите власти.

„Добивме поплаки од Северна Македонија и тие се разгледуваат. Што се однесува до тарифите што Бугарија ги наплаќа за транзит на руски гас во Србија, Унгарија и Македонија се нивна национална мерка и затоа е на Бугарија да одлучи каде ќе го распредели тој приход“, велат од ЕК.

Македонија во моментов се снабдува само од гасоводот што минува низ Бугарија, додека интерконекторот преку Грција и понатаму останува проект чија изградба се очекува да започне кон крајот на оваа година.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button