РАКОМЕТСПОРТ

Данска со нов рекорд, 30 натпревари без пораз

Тројниот последователен светски шампион во ракомет Данска синоќа без проблеми го совлада Тунис во второто коло од Мундијалот и со тоа проби една голема бариера.

Advertisements

За Данците тоа беше 30. натпревар по ред без пораз на светските првенства, серија која почна во 2019 година.

Последниот неуспех на овие натпреварувања, Данска го доживеа во осминафиналето од Мундијалот во 2017 година, кога загуби од Унгарија со 25-27.

Оттогаш три пати по ред ја освојуваше титулата, а во овие 30 натпревари има биланс од 29 победи и едно реми, остварено против Хрватска на претходното првенство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button