
Дефанзивецот на италијансктата репрезентација, Матео Дармијан, во разговор со официјалниот сајт на УЕФА изјави дека Италија максимално го почитува хрватскиот национален тим, но сите во таборот на „аѕурите“ веруваат во победа над ривалот.
Италијанците мора во најмала рака да останат непоразени против „коцкестите“, но бекот на Интер вели дека никој нема да калкулира и очекува максимален пристап од неговиот тим.
„Какви калкулации и нерешени резултати? Тоа не постои во нашите глави. Сите доаѓаат овде со една цел, да победат на секој натпревар. Фудбалот се игра за да победуваш, а не да калкулираш. Знаеме со какви сили располага Хрватска и ја почитуваме, но веруваме и во нашата енергија, сплотеност и пожртвуваност. Не треба премногу да внимаваме, мораме да ја играме нашата игра и да покажеме зошто сме актуелни европски шампиони“, вели Дармијан.
Натпреварот помеѓу Италија и Хрватска се игра на 24 јуни, со почеток во 21:00 часот.