ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Даштевски: На Собранието е да го избере седмиот член на ДИК, ние може да функционираме и со шест
![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2021/10/dastevski-780x470.png)
Државната изборна комисија (ДИК) може да функционира сосема солидно и легитимно и со шест члена, а изборот на седмиот е работа на Собранието во која ние не можеме да се мешаме, изјави денеска претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„ДИК може да функционира со шест члена, тоа е општо познато, бидејќи е потребно мнозинство од гласовите во ДИК. И според Деловникот можеме да функционираме со шест члена сосема солидно. Секако, би ни било од полза доколку се избере седмиот член и тоа го оставам на надлежните органи, односно на Собранието на Република Македонија, не можеме да се мешаме во тоа“, изјави Даштевски.