МАКЕДОНИЈА

Собранието работи без доволен број пратеници

Собранието денеска работи без доволен број пратеници и за предлог-законите што беа на дневен ред на трите последователни седници (138, 135 и 95) ќе се гласа дополнително. Кворум имаше само за изгласување на Предлог-одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Обединетите нации (УНИФИЛ) во Либан, која беше прва точка од првата од трите седници.

Од дневниот ред на 138-та седница,  завршена е општата расправа, но ќе се гласа дополнително за Предлог-законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, двата по скратена постапка, додека за Предлог- законот за дополнување на Законот за државното правобранителство, по скратена постапка, беше соопштено дека е повлечен од Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button