ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза

Мицкоски: Да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека државата неправедно платила висока цена чекајќи членство во ЕУ, но дека не се откажува од сонот да биде дел од унијата. Тој додаде дека е свесен и за слабоста на институциите и присуството на корупција. Мицкоски ја испрати оваа порака по повод одбележувањето на денот на Свети Кирил и Методиј во Струга.

Мицкоски, како иден мандатар, од Струга испрати порака за единство, надминување на поделбите и омразата, како и одговорност од избраните и именуваните функсционери во идната влада.

И додека првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, не зборува за поделба на ресорите со идниот коалициски партнер, ВЛЕН потврдува дел од ресорите што ќе ги добие врз основа на начелен договор, до кој, како што велат, може дури и да претрпи промени.

Шефот на Алтернатива, Африм Гаши, рече дека коалицијата меѓу другото ја барала и функцијата претседател на Собранието, но не ја потврди ниту ја отфрли можноста тој да биде шеф на идниот законодавен дом.

„За нас беше важно Албанците да продолжат да вршат една од трите функции во државата и секако бидејќи се знае кој ќе биде премиерот и шеф на државата, побаравме претседателот на Собранието да им припадне на Албанците. . Договорот се уште не е дефинитивен, ние начелно се договоривме за некои позиции, правилно е да се чека овие договори што ги договоривме со ВМРО да поминат на нашите партиски органи…“, рече Африм Гаши, претседател на Алтернатива, ВЛЕН.

До денот кога ќе се конституира Собранието, Гаши рече дека договорот меѓу партиите ќе биде готов. Меѓу другото, тој рече дека во досегашните преговори се предвидува функцијата прв вицепремиер, шест министри и седум заменици министри, кои на крајот би му припаднале на ВЛЕН./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button