ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан со Македонија, за тунелот Тетово-Призрен

Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан со Македонија, за тунелот Тетово-Призрен

Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан со Македонија, со кој се предвидува кофинансирање на тунелот за патот Тетово-Призрен.

„Тетово е поблиску до Призрен и Косово. Собранието на Косово со 82 гласа „за“ го одобри предлог-законот за ратификација на договорот за кофинансирање за проектирање на проектот за изградба на тунелот на патот Призрен-Тетово“, рече Либурн Алиу, министер за просторно планирање и инфраструктура.

Од друга страна, во Македонија договорот е одобрен во Владата, но во Собранието се очекува да биде ратификуван од новиот состав“.

Африм Гаши од коалицијата Вреди во интервју за Алсат изјави дека овој проект ќе биде во програмата на следната влада .

„Голем дел од преговорите ги водевме токму за овие проекти. Односно за програмскиот дел, за главните столбови на нашите програми. А потоа и во конкретни проекти, како што е патот Скопје-Блаце, патот Тетово-Призрен, Коридорот 8. Значи, сето тоа ќе биде вградено во проектите и програмата на Владата? Да. Ќе се потрудиме да ги воведеме, но и да ги спроведеме“, нагласи Африм Гаши, Вреди.

Алсат неколкупати во текот на неделата бараше став во врска со следните постапки од Јавното Претпријатие за Државни Патишта како носител на проектот, но нема одговор.

Според потпишаниот договор, страните се согласуваат тунелот што треба да ги поврзе двете земји да се реализира со кофинансирање. Поточно, секоја држава ќе плати за должината на тунелот на нејзина територија. Рокот за финализирање на документите е до средината на 2026 година.

Идејата за патот Призрен Тетово ја презентираше премиерот на Косово, Албин Курти, за време на изборната кампања во Косово и неодамна при неговата посета на тетово пред 9 месеци./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button