ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Заклетвата на претседателката го сврте вниманието на европската јавност, а не се коментира нашето чекање пред ЕУ

Интересно е како една заклетва на претседателот на Републиката може да го сврти вниманието на целата грчка и европска јавност, а нашето непринципиелно чекање во чекалницата пред Европската Унија повеќе од две и половина децении, со платени високи цени за влез, никако не се коментира ниту е предмет на чиј било интерес.

Ова, меѓу другото, беше дел од говорот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го кажа од пред црквата Св. Богородица во стушко Калишта, на свеченоста по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

„Свесен сум и за објективните слабости во потенцијалот на институциите, во присуството на корупцијата и акутната неспособност за резултати на власта во заминување, но Македонија плаќа скапа цена поради блокадите на соседите, иако го делиме и заслужуваме заедничкиот европски сон кој е нашата заедничка цел“, порача Мицкоски од Калишта.

Во тоа постојано чекање, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, „се губи нашето достоинство и се удира и по нашата самодоверба и колективно самоопределување“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button