ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти бараат независна истрага и ревизија за вработувањата за време на изборите во Академијата за судии

Експерти бараат независна истрага и ревизија за вработувањата за време на изборите во Академијата за судии

Судирот меѓу Антикорупциска и Академијата на судии, која во изборниот период прими 130 кандидати, според универзитетскиот професор Башким Селмани, повеќе е за лични интереси на носителите на власта отколку за реален проблем.

Антикорупциска вчера покрена иницијатива против директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер Дамјановска и Управниот одбор, бидејќи според нив, со приемот на канддати бил прекршен Законот за спречување на корупција и судир на интереси за време на изборната кампања, но и Изборниот законик.

„Факт е дека, не постои институција во Македонија што е независна, но тие секогаш излегуваат во јавноста во овие случаи кога има судир меѓу интересите на носителите на власта, за нивните блиски. И токму тука е конфликтот, повеќе се работи за лично прашање, отколку за вистински проблем“, рече Башким Селмани, универзитетски професор.

Решавањето на конфликтот Селмани го гледа во независна истрага и ревизија на изборот на 130 кандидати за судии и обвинители.

„Добро би било вакви јавни случаи да почнат истрага и само истрагата е таа што ќе ги извлече и утврди сите факти дека за жал сите овие институции имаат криминални елементи сами по себе на кои треба да се направи ревизија и да се докажува основот на вината или невиноста. Само така јавноста ќе биде безбедна, но и самата институција ќе стане независна како што предвидува законската регулатива“, нагласи Башким Селмани, универзитетски професор.

Ова е втор пат Антикорупциска да покренува иницијатива на истата тема. Во првата, Академијата ја тужеше Антикорупциска во Управниот суд и го доби судскиот спор.

Академијата континуирано беше мета на обвинувања за прифаќање кандидати по партиски директиви на власта./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button