РЕГИОН

Полицијата во Тирана заплени оружје и муниција прошверцувани од Косово

Полицијата во Тирана заплени оружје и муниција прошверцувани од Косово

Во полициска акција во Тирана спречен е шверц на оружје и муниција внесени од Косово со цел продажба во Албанија.

Во акцијата, на паркинг на автобуски терминал, биле фатени и уапсени четворица косовски државјани на возраст од 20 до 28 години.

Двајца од нив во автобусот ставиле торба, во која се пронајдени 10 пиштоли, 10 рамки за куршуми и поголема количина муниција, по што другите двајца со патничко моторно возило го следеле автобусот низ целата релација.

– Од извршените проверки е констатирано дека огненото оружје требало да го продадат по цена од  1.500 до 3.000 евра по парче. Основано се сомнева дека сопственикот на автобусот, заедно со други државјани, во повеќе случаи шверцувал огнено оружје кон Албанија. Како материјални докази освен оружјето и муницијата одземени се и автомобилот и пет мобилни телефони, стои во полициското соопштение.

Неодамна албанската полиција спречи обид за шверц на оружје на граничниот премин Морина, кај Кукс, наведувајќи дека  „е спречен и расчистен уште еден случај на обид за транспорт на огнено оружје од Косово во Албанија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button