ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изградбата на регионалната депонија кај битолско Новаци наместо годинава, ќе започне догодина

Изградбата на регионалната депонија кај битолско Новаци наместо годинава, ќе започне догодина

И додека со години се најавува изграба на регионална депонија,секој ден општините фрлаат смет на диви депонии. Сега од Министерството за животна средина за Алсат најавуваат дека изградбата на регионалната депонија за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион, кај битолско Новаци ќе почне во 2025 година.

„Активностите за изградба на регионална депонија за Југозападниот и Пелагонискиот региона се одвиваат согласно проектниот план. Во тек е подготвка на тендерската документација за градба. Во моментов се финализира тендерот за опрема (возила, канти) и за надзор. Градбата ќе почне втора половина на 2025 година“, велат од Министерство за животна средина.

Се уште актуелната министерка за животна средина, Каја Шукова, во мај минатата година, рече дека до крајот на 2024 година,ќе има со што да се пофалат. Но сега проектот ќе чека до 2025.

„Да не очекува јавноста дека ние ќе имаме целосна депонија на неколку хектари. Тоа е процес,кога ќе се затвори еднака келија,се пристапува кон втора, трета итн согласно капацитетот на депонијата. Јас се надевам дека до крајот на 2024 таму ќе имаме со што да се пофалиме“, рече Каја Шукова-министерка за животна средина.

Додека само се лицитира со датуми, граѓанските активисти трета година по ред водат правна битка со институциите за струшката дива депонија. Предметот сега се наоѓа во фаза на жалба пред Апелациониот суд веќе 8 месеци.

„Ова е едно недозволиво однесување на Апелациониот суд во Битола, бидејки се работи за тужба, чие тужбено барање гласи да се преземат итни и неодложни мерки за спречување на понатамошна идна штета на здравјето на граѓаните во општината, што претставува јавен интерес. И ваквиот однос на Апелациониот суд кон решавање на едно вакво крупно прашање е недозволувачки“, нагласи Глигорие Ќатоски- граѓански активист.

Македонското здружение на млади правници во 2021 година поднесе тужба против Општина Струга, Комуналното претпријатие од Струга и министерството за животна средина,затоа што ништо не направиле за санација и дислокација на депонијата. Тие бараат судот да забрани понатамошно депонирање на отпад кај Струга, а просторот да се исчисти и ревитализира. Крајна мерка им е да ја тужат државата пред Судот за човекови права во Стразбур./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button