„Датумот“ повторно го нема, ВМРО бара предвремени избори
„Датумот“ повторно го нема, ВМРО бара предвремени избори

Според македонската опозиција, хибридните напади, за кои власта тврди дека биле организирани од одредени структури за да ја поткопаат државната стратегија во однос на бугарскиот спор, се измислица од Владата за да го прикрие неуспехот за добивање датум за преговори со ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори за, како што велат, да излеземе од срамот во кој Владата ги втурна државата и граѓаните. Марија Митева, портпарол на ВМРО МАК Предвремени избори бара и албанската опозиција.
Претседателот на Алијанса, Зијадин Села пред неколку дена изјави дека изборите се најдобрата формула за надминување на политичката, економската и енергетската криза.
Лидерот на Беса, Биљал Касами вели дека главниот принцип на ова мнозинство бил датумот за преговори. Ако нема датум, мора да има избори.
„Рековме дека оваа Влада е врз основа на понудата што ја даде за интеграција на земјата во ЕУ или за старт на преговорите. Доколку тоа не се случи овој месец, сметаме дека е дополнителен аргумент дека треба да се оди на предвремени парламентарни избори“, рече Биљал Касами, претседател на Движењето Беса.
Но, Владата е против предвремени избори. СДСМ ја обвинува македонската опозиција за загрозување на државните интереси.
Од ДУИ оценуваат дека ова парламентарно мнозинство нема алтернатива која подобро би ги менаџирала интеграциските и внатрешнополитичките процеси.
„Сметаме дека изборите не се решение. Нема алтернатива што може да понуди решенија за сите прашања, без разлика дали со Бугарија, со Договорот од Преспа, со меѓуетничките односи итн.“, рече Бујар Османи, ДУИ .
Но и дел од малите партии во парламентарното мнозинство се закануваат дека ќе ја напуштат Владата доколку го прифати францускиот предлог./Alsat.mk
Адријан Керими