ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Патот кон Матка „калабалак“, туристите зачудени од негрижата

Патот кон Матка „калабалак“, туристите зачудени од негрижата

Туристите кои го посетуваат кањонот Матка наидуваат на две крајности. Од една страна извонредната природна убавина, а од друга – патната инфраструктура којашто е во катастрофална состојба. Лиман Осман, туристички водич, со група туристи се враќаше од посета на Матка. Тој вели дека посетителите се воодушевени од прекрасната природа, но изненадени како институциите не направиле ништо за да се подобри патната инфраструктура.

„Услугите од општините, градот Скопје, државните служби се за никаде. Ништо не е направено. Ништо не се инвестира. لعبة تربح فلوس Да се изградат патишта, да се постават тоалети, да се забрани пристапот со автомобили по овој пат. Овој пат е за пешаци, а не за „мангупи“ кои се качуваат до горе и велат дека излегле да пешачат. За лицата со попреченост во ред, но тоа треба да биде исклучок“, рече Лиман Османи- туристички водич.

Туристите велат дека институциите треба да направат повеќе, а пешачењето за да стигнат до браната го гледаат како предизвик.

“Патот е во лоша состојба. Но, на Балканот речиси сите споредни патишта се во лоша состојба. Навикнати сме на овој феномен. ربح المال مجانا Ако сакате туристи да ја посетуваат Северна Македонија, мора да се инвестира за да ги привлечете. Според мене, овој пат треба да биде само за пешаци. Има две паркинг места долу, ние таму ја оставивме нашата кола”, рече еден турист.

“Во многу лоша состојба е. Патот е насекаде руиниран и со дупки. Сега е суво, но кога е влажно, веројатно се создава многу кал”, рече еден турист од Холандија.

Дали ви пречи што автомобилите поминуваат тука?

“Да, ми пречи, бидејќи ова е многу тесен пат за пешачење, а не за автомобили”, рече другиот.

“Да, мислам дека би било подобро да се среди. За пешачење веројатно не пречи многу, но со автомобил е малку поголем проблем”, рече еден  турист од Швајцарија.

Но, ниту Град Скопје, ниту општина Сарај не кажуваат конкретно дали имаат подготвен проект, како би изгледал, колку време би требало да се заврши и колкава би била потребната финансиска сума за поправка на патот.

„Веруваме дека наскоро ќе се најде решение за патот на Матка, решение за поправка на патот во целина. Исто така има мал алтернативен пат кој не е асфалтиран. الربح الحقيقى من الانترنت Кога велам брзо мислам во текот на ова календарска година. Ние како општина, како институции имаме пресметка колку може да чини целата таа инфраструктурна активност. Се подготвува и инфраструктурен проект. Досега не сме можеле поради недостиг на средства“, изјави Блерим Беџети- Градоначалник на Сарај.

Министерството за животна средина и просторно планирање во септември минатата година започна постапката за одобрување на Законот за прогласување на кањонот Матка за споменик на природата. Предлог-законот по забелешките во јавноста ќе треба да се комплетира и потоа да биде одобрен од Владата пред да влезе во процедура во Собранието./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button