МАКЕДОНИЈА

Даути: Алтернатива стана плен на Заев и на Ахмети

Координаторката на пратеничката група на Алијансата за Албанците, Илире Даути, во емисијата „Патот кон“ на Алсат зборуваше за разделбата на оваа партија, со Алтернатива, која неодамна потпиша договор со премиерот Зоран Заев да стане дел од Владата.

Даути рече дека ова парламентарно мнозинство за кое според неа се тврди дека е мнозинство има проблеми со реализација на кворумот.

„Мислам дека ниту еден политички субјект не се чувствува удобно во овој момент, бидејќи и во овој момент, зборуваме за оние што тврдат дека има парламентарно мнозинство, како што изгледа и денес има атпроблем со реализација на кворумот. Ова што се случува во последно време не е ништо ново. Од формирањето на Владата, нејзин примарен приоритет е да се заштити, а бранејќи се заборави да го заштити граѓанинот, додека зад сцената се случуваат многу кризи“, рече таа.

Таа понатаму нагласи дека нивниот поранешен партнер, Алтернатива, станал плен на Зоран Заев и Али Ахмети.

„Оваа влада меѓу другото предизвика и криза на политичкиот морал. И многу ми е жал што плен на Зоран Заев и Али Ахмети, стана токму нашиот партнер од коалицијата, Алтернатива. И во овој поглед не постои начин да не се изрази жалење за тоа. Ние сме на пат, во нашите определби и ништо не споделивме со никого, таму сме каде што сме“, рече Даути.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button