ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса не верува дека Алтернатива ќе избутка измени во Законот за регионален развој

Mefail ISamili

Распадот на коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива остава сомнеж за ветувањето на двете партии дека ќе иницираат нов Закон за рамномерен регионален развој. Законот, усвоен во јануари годинава, беше оспорен од тогашната албанската опозициска коалиција, па дури се бараше и сосема нов закон за, како што велеа, албанските општини да не бидат дискриминирани во развојот. Елми Азири од Алијанса се сомнева дека со најавеното вклучување на Алтернатива во Владата ќе има каква било иницијатива за промена на спорниот закон.

„Имаме дилеми во капацитетот на Владата да прави промени, но и во подготвеноста на Владата да направи промени. Не гледаме сериозно и квалитетно влијание од приклучувањето на нашиот поранешен коалициски партнер.“

Азири вели дека за да се случат измени, потребна е суштинска промена на законот, како и завршување на локалната децентрализација.

„Сметаме дека ова прашање ќе треба да се уреди со повеќе закони, меѓу кои закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа и закон за рамноправен регионален развој. Особено ќе треба да се интервенира во Бирото за рамномерен регионален развој бидејќи од 2004 година кога е формирано ова биро, ја има таа цел.“

Но, од Алтернатива тврдат дека измените во законот за рамномерен развој се нераскинлив дел од договорот со Заев.

„Да, ќе бараме ревизија на овој закон, да се вклучат точките што ги имавме од концептот кога бевме опозициска коалиција, тие се и наши точки, така што барем повеќето од нив да се интегрираат во сегашниот закон за да се спроведе коалицискиот договор. Ќе се разговара детално од страна на професионален тим што ќе го назначиме…“

Еднаквиот регионален развој беше и во заедничката изборна програма на Алијанса и Алтернатива, но изминатите 11 месеци немаше конкретна иницијатива за него додека Алтернатива беше во опозиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button