ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Која е улогата на Иџет Мемети во случајот со земањето мито

Второосомничениот инволвиран во случајот со Врховниот судија се уште не се појавил пред истражниот судија. Иџет Мемети не е познато кога ќе ја соопшти својата верзија за сомнежите кои се товарат против него. Јавното обвинителство против него побарало мерки за претпазливост – обврска за пријавување, но бидејќи судот се уште не го сослушал Мемети, не донел одлука. Рочиштето против него може да се одржи во четврток.

Против Мемети нема мерка ниту од институцијата каде што ја извршува функцијата заменик претседател. Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска рече дека се испитуваат сите можности за понатамошни законски чекори. Таа рече дека во конкретниот случај се работи за член избран од Собранието.

Мемети заврши како второосомничен во случајот земање поткуп заедно со поранешниот врховен судија Наќе Георгиев. Тој  е осомничен дека спротивно на законот на синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, на кого му гарантирале намалена казна доколку прифати спогодба со обвинителството за кривичното дело за што е обвинет „шверц со наркотици“.

Според елементите и доказите на кои се темелат сомнежите на Обвинителството за организиран криминал, Георгиев и Мемети побарале награда од 10.000 евра за нивното влијание. Во моментот кога беше уапсен Георгиев, Мемети не беше присутен, но во извештајот за организиран криминал се вели дека тој водел телефонски разговори и имал видео повици со Георгиев и синот на Стојчев за да гарантира пониска казна од предвидената судска.

Во исто време, Мемети го претставува највисокиот профил на правник во Северна Македонија. Бил министер за правда, Уставен судија, Народен Правобранител и сега член на Советот на јавни обвинители. Неговата правна биографија зборува за застапеност во секоја инстанца, извршна, законодавна, но и како прв човек за заштита на слободите и човековите права.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button