ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Храната и пијалоците и натаму поскапуваат

Покачувањето на цените не престанува, главно кај прехранбените производи и пијалоците. Ден по објавувањето на истражувањето на Сојузот на синдикати, дека профитните маржи на трговците се меѓу 35-50%, реагираа и од Комората на северо западна Македонија. Дурим Зеќири од оваа комора ги повикува компаниите да не ја искористуваат вакуум просторот во непримената на Законот за нелојална трговска пракса што почнува во септември.

„Оценуваме дека овде имаме работа со низок капацитет на институциите да ги извршуваат своите обврски на терен, свесни сме дека имаме висока стапка на неформална економија, но и друга стапка која има врска со нелојалната конкуренција и тука е делот каде државата треба да интервенира бидејќи тие компании неправедно конкурираат на пазарот и ги создаваат овие нерамнотежи“, рече Зеќири.

Невладините велат дека има случаи кога одредени фирми финансиите кои не можат да ги покријат со други фактури ги пријавуваат како донации за да избегнат данок. За ова прашање зборуваше и Никица Кусиникова од Здружението „Конект“, која ги оквалификува како изолирани случаи, кои ја уништуваат хуманоста и кредибилитетот на оние што сакаат и оние кои имаат потреба.

Од овие организации велат дека злоупотребите на некои приватни фирми се случуваат поради нефункционалност на инспекциските и казнените органи согласно законот за заштита на конкуренцијата и потрошувачот.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button