ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски поднесе оставка од функцијата. Ова преку соопштение до медиумите го соопштија од партијата.

„И јас и партиското раководство имаме одговорност, исто како што имаат одговорност и сите именувани и избрани функционери, вклучително и сите партиски функционери на локално и централно ниво. Никој реално не е без одговорност“, пишува во писмото испратено од Димитар Ковачевски до партиските тела на партијата.

Од СДСМ наведоа:

-Ве информираме дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин, и согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати, велат од СДСМ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button