Даути повеќе не е претседател на Комисијата за социјална политика

Илире Даути поднесе оставка од Комисијата за социјална политика. Одлуката уследи откако во петокот против неа беше изгласана интерпелација. Но, на Даути и беше тешко да ја изнесе својата оставка пред пратениците, бидејќи шефот на Собранието, Африм Гаши, не го дозволи тоа.
„Само да ви кажам дека ја прекршувате регулативата, г-ѓо Даути. Сега го дефинираме дневниот ред, ви кажав дека на следната седница која е во вторник на 21-ви, ќе имате време да го објасните ова право“, рече Гаши.
„Мене нема да ме држиш со сила Африм Гаши за да бидам претседателка на комисијата. Не може со сила да ме држи Никола Мицевски. Замолчи! „Замолчи и само слушај!“ Научете да го почитувате деловникот, да почитувате закони и процедури. Сигурно денес овде ќе го слушнете мојот збор и моето образложение за страшниот чин што сите го направивте. Срам да ви е на сите“, реагираше Даути.
Никола Мицевски: Овде не може да поставувате правила, тука има ред..
Даути: „Можеш само да седиш и да слушаш!“ Никој нема да ве праша сега!
За да го убедат Гаши, пред говорницата се појавија пратениците Блерим Беџети, Талат Џафери и Елми Азири.
И по неколку минути прекин, Илире Даути доби прилика да ја образложи својата оставка.
„Избирам да дејствувам слободно, безусловно. Да ги бранам уште еднаш основните вредности на демократијата, како што се слободата и еднаквоста, без воопшто да се повлечам, туку да се репозиционирам за истата цел“, рече Даути.
Но, Даути, исто така, имаше неколку зборови посветени на парламентарното мнозинство. Овој пат, беше поостра.
„Бегајте, бегајте како што избегавте и од оваа седница. Бидејќи вашето мислење се додека не знаете што правите со себе не е важно за мене. Ти не знаеш што јас можам да издржам. Но, јас нема да ви се потчинам ниту на вас ниту на било кој друг на никој начин. А, вие непоичитуван Африм Гаши излезете и кажете им на Албанците за што ти треба заклучокот и зошто го стави на гласање“, рече Даути.
За време на говорот на Даути, пратениците од парламентарното мнозинство ја напуштија седницата и се вратија по завршувањето на говорот.
Зекирија Хаџиу