ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработените во администрацијата го кренаа гласот пред Заводот за статистика

Да сакаше Владата дијалог, ние досега ќе седевме на маса, а не на улица. Ова го истакна претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски на протестот за покачувањето на платите од 30 отсто и колективниот договор. Третиот ден од протестот се одржа пред Државниот завод за статистика. Синдикалците бараат од владата да не ги квалификува нивните протести како штрајк.

Деановски рече дека додека се протестира за покачување на платите, 988 вработени се уште ја немаат земено декемвриската плата.

Денешниот беше трет протест по ред, а за утре е најавено вработените во 6 министерства и 2 државни инситуции да излезат на заеднички протест пред Министерството за финансии.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button