ЕКОНОМИЈА

Даути: Предлог-буџетот е генерализиран, ова е причината за големиот број амандмани

Илире Даути од Алијансата за Албанците во емисијата „Економски магазин“ изнесе големи забелешки во однос на предложената форма на Предлог-буџетот за 2021 година, според неа тоа е причина за големиот број амандмани на опозицијата. За Даути е неприфатливо буџетот да каже дека се предвидени 271 милиони денари за изградба на основни училишта, додека не е нагласено за кои училишта станува збор.

„Бидејќи е презентиран Предлог-буџетот, тој е многу општ и ова е главната причина зошто ние опозициските партии треба да поднесеме толку многу амандмани. Буџетските ставки што се предвидени таму не се придружени со конкретни програми, со имиња на програми што ќе не известат дека на пример училиште некаде што го претставив како амандман, можам конкретно да потенцирам за училиште во Долна Лешница за кое слободно можам да кажам дека е расадник за рептили, но не и училиште за предавање на деца, ваквиот амандман носи број над 300, што веројатно нема да може да се дискутира во Комитетот за Финансии“, рече Даути.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button