ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Мицевски: Власта за 3 години смени 3 министри за финансии, секој со различна политика, стопанството е во криза!

Власта за три години има тројца различни министри за финансии со различни програми, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат. Поради таквите околности, додава тој, стопанството е доведено во криза бидејќи сериозните компании планираат долгорочни кредити и буџети врз основа на моменталната економска политика на владата.

„Господинот Тевдовски прв нѐ убедуваше дека ќе ја врати средната класа и оти прогресивниот данок ќе донесе пари за тоа. Потоа се појави министерката Нина Ангеловска, која без анализа и најава, прогресивниот данок го стави во мирување до 2023 година, со објаснување дека не ги дал посакуваните резултати и го врати рамниот данок. Сериозни компании планираат буџет на 10 години, со прогресивниот данок. Стопанството се наоѓа во криза. После една година Ангеловска си замина, сега имаме министер, господинот Бесими кој што има своја политика“, вели Мицевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button