ДД: Проблеми во образованието поради неуспесите на ДУИ
ДД: Проблеми во образованието поради неуспесите на ДУИ

Од Демократското движење велат дека новата учебна година утре ќе започне со стари проблеми поради неуспешните политики на ресорното министерство, а особено на ДУИ. „Оваа година ќе има намалување на бројот на ученици Албанци во основните училишта поради масовното заминување на албанските семејства во странство за да обезбедат корка леб. Тоа ќе остави многу наставници без работа. Недостигот на визија и нарушувањето на албанското образование наскоро ќе се соочи со затворање на училишта поради недостиг на ученици“, стои во реакцијата на Демократското движење. Оваа партија оценува дека поради погрешните политики на власта и ДУИ учениците Албанци ќе немаат учебници, а со години учат и од книги кои имаат контроверзна содржина. Дури и оваа година и покрај многуте ветувања на албанските лидери од власта, учениците Албанци ќе учат во стари објекти, наведуваат од Демократското движење. /Alsat.mk